Еден пациент се наоѓа во потешка здравствена состојба на Клиниката за инфективни болести. Тој има белодробна тромбоемболија како компликација од морили. Со компликации од морбили се хоспитализирани и три деца и двајца возрасни ко имаат пневмонија, информираат од таа здравствена установа.
Четворица пациенти со морбили се прегледани вчера, од кој еден пациент на 34 години од Чаир за кого нема евиденција за неговиот вакцинален статус.
-Амбулантски се прегледани четворица возрасни, од кои двајца на возраст од 24 и 19 години, и за нив нема вакцинален статус. Другите двајца се од Студеничани и од Драчево на возраст од 34 и 39 години, за кои исто така нема вакцинален статус. На клиниката има 33 пациенти, од кои 16 возрасни и 17 деца со симптоми на морбили – велат од Клиниката.
The post На Инфективно 33 пациенти со морбили, еден во тешка здравствена состојба appeared first on ТВ21.