Балкан

Силјановска од Кичево: Не се оди во ЕУ качени на Ориент експрес, туку ЕУ преку стандардите се носи дома

Централниот митинг вечерва кандидатот за претседател подржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова го имаше во Кичево. Иако многу пати досега порачала дека е песимист дека на јунскиот самит државата ќе добие датум за почеток на преговорите, на митингот во Кичево изјави дека постојано ги убедува нејзините студенти дека, како што вели, тоа е нашиот дом. Но, Силјановска Давкова порачува дека кон Брисел не се оди качени на Ориент Експрес, туку ЕУ преку исполнувањето на стандардите се носи дома.

-Велат дека Западен Балкан е ахилова пета на ЕУ, ама јас која предавам, не само уставно право, туку и европско уставно право, ги убедувам студентите дека тоа е нашиот заеднички дом и дека не се оди во ЕУ качени на Ориент експрес кон Брисел, туку дека ЕУ преку стандардите се носи дома. Тоа ќе го направиме ние-истакна Силјановска.

 

The post Силјановска од Кичево: Не се оди во ЕУ качени на Ориент експрес, туку ЕУ преку стандардите се носи дома appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни