Во Белград вечерва има протестен марш на „1 од 5 милиони“ предводен од опозицијата која бара оставка од претседателот Александар Вучиќ. На протестите дошле луѓе од сите градови од Србија.
Учесниците на протестот тргнаа во протесниот марш околу 17:30 часот. На чело на колоната се лидерите на СзС Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ, Бошко Обрадовиќ, Борис Тадиќ, Зоран Лутовац…
Власта, пак, обвини дека во одделни делови од градот нашла палки и камења, со кои наводно демонстрантите сакале да уништуваат по Белград. Од опозицијата, пак, вратија дека сето тоа е монтирано, и дека никој од нив нема такво нешто, туку дошле на мирен начин да го искажат револтот од оваа власт.
The post Во тек е протестен марш во Белград, пронајдени палки и камења кај демонстрантите appeared first on ТВ21.