Денешниот ден во Тирана помина мирно по синоќешниот протест на кој имаше неколку инциденти. Протестот синоќа заврши со обраќање на лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша и со пеење на албанската химна. Имаше и скандирана Рама оди си. Протестот кој траеше околу четири и пол часа, според Баша е најмасовен во историјата на земјата. Инаку, протестот беше преполн со тензични ситуации, прво со пробивање на полицискиот кордон пред Владата, а потоа пред Парламентот. Од пиротехнички средства и тврди предмети фрлани кон полицискиот кордон повредени се петмина полицајци. Пренесени се во Универзитетската клиника. Едниот од нив е со изгореници на лицето. Демонстрантите пред Парлементот уништија повеќе излози на дуќани, а запалија и едно возило и повеќе контејнери за отпад.
Полицијата освен солзавец употреби и водени топови. По завршување на протестот приведени се најмалку 20 лица.
The post Мирен ден во Тирана по синоќешните протести – петтмина полицајци во болница, приведени 20 лица appeared first on ТВ21.