Омилената македонска водителка Лила Филиповска уште пред околу еден месец, преку интервју во еден македонски магазин, ја отвори душата и откри дека повеќе од година дена се борела со ракот, но за среќа сега веќе го победила.
По целиот трнлив пат кој го изоде, периодов таа е преплавена со позитивни коментари и пораки со поддршка и љубов. Во кратките приказни на Инсгаграм таа дури им дозволи на своите фанови и следбеници да и постават прашања поврзани со болеста и лекувањето, со цел да ги охрабри сите кои во моментот се борат со истата болест и да им порача дека и тие можат да ја добијат битката.
Исто така таа им се заблагодари на двајцата најважни луѓе кои, покрај синот Филип, постојано биле покрај неа во најтешките денови и ја забавувале. Тоа се метео презентерот на Сител и личен асистент на Лила, Спасе и поранешниот водител Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци.

Среќа лошите денови се зад неа и сега Лила со својата приказна стана инспирација за борба и за тоа како никогаш не треба да се откажуваме дури и кога ќе се најдеме во ќорсокак, во ситуација од која мислиме дека нема излез.