Војната полиција утринава на т.н. школски брод „Јадран“ во Црна Гора пронајде повеќе од 10 килограми материја за која се претпоставува дека е дрога, соопштуваат од министерството за одбрана на Црна Гора. Нуркачи се на лице место и го проверуваат трупот на бродот.
„На основа на оперативни работи, дојдовме до сознанија дека криминални групи имаат намера да го користат крстарењето на бродот „Јадран“ планирано за денеска, за спроведување на криминални активности“, соопштуваат од Министерството за одбрана.
Војната полиција утринава го прегледала бродот.
„Во текот на прегледот најдена е десетина килограми материја за која најверојатно се работи за психоактивна супстанца“, соопштија од Министерството.
Денеска било планирано да се реализира практична обука на студенти од факултетот за поморски студии.
Бродот „Јадран“ е изграден во 1931 година во Хамбург, а користен во Втората светска војна. Најдолга дестинација му била Дубровник – Њујорк – Бостон – Дубровник. Може да плови 15 дена без престан. Изграден беше за потребите на југословенската воена морнарица, а денеска е во посед на војската на Црна Гора.
The post Пронајдена дрога на познатиот црногорски брод „Јадран“ appeared first on ТВ21.