Косовскиот претседател Хашим Тачи пред утрешниот состанок во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Србија Александар Вучиќ, истакна дека очекува Косово да добие визна либерализација.
„Косово ги исполнува сите критериуми да добие слободно движење низ Европа како и сите други граѓани во регионот. Ако тоа не се случи, состанокот во Берлин ќе биде разочарувачки“, истакна Тачи.
Тој изрази очекувања Меркел да го убеди Вучиќ да ја признае независноста на Косово. Можна е и средба меѓу Тачи и Вучиќ.
The post Тачи на состанокот во Берлин очекува Косово да добие визна либерализација appeared first on ТВ21.