Македонија

Пронајдени се девојчињата од струмичко – мајката им се заблагодари на сите кои помогнаа

Пронајдени се девојчињата од струмичко – мајката им се заблагодари на сите кои помогнаа

Двете девојчиња од струмичко се најдени.

Оваа информација ја истакна мајката на едно од девојчињата, која им се заблагодари на сите кои помогнаа и се потрудија да ги бараат.

Таа ова го напиша во краток коментар на постот во кој претходно го објави дека се бараат.

Двете девојчиња дошле во Скопје преку училиштето на еднодневна екскурзија и посета на Саемот на книга и Зоолошката градина. Имале пауза да прошетаат и во договореното време да се вратат кај автобусите. Последен пат беа видени во близина на Веро Џамбо. Откако не дошле на договореното место и во договореното време, наставниците пријавиле во полиција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни