Македонија

Дождот поплави неколку куќи во општина Гостивар

Дождот поплави неколку куќи во општина Гостивар

Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на општина Гостивар на единствен број за итни повици Е-112 добиени се пријави за поплавена улица Бањешница, општина Гостивар од канал за наводнување, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Во с.Беловиште, општина Гостивар, поплавени неколку куќи и патот во селото.

Во нас.Циглана, општина Гостивар, водата оди од планината и постои опасност од поплавување на куќи.

На ул.Беличица, општина Гостивар, поплавена е куќа со помошнји објекти

На ул.Трајко Јовановски бр.18 , општина Гостивар поплавени се подрумски простории од куќа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни