Македонија

(ВИДЕО) Дива мечка беше спасена од нехумани ловци кои ја заробија со сајли под Пелистер

(ВИДЕО) Дива мечка беше спасена од нехумани ловци кои ја заробија со сајли под Пелистер

Дива мечка над пелистерското село Брајчино беше заробена и жртва на диви ловци кои користеа нехумани методи на примки- односно, сајли за замки.

На повик на здружението „Мали херои” од Битола кое е за заштита на животните, Перо Стојчевски и Александар Алексов, ветеринари од Битола и Ресен, заедно со планинскиот спасувач Петар Нолев, веднаш се упатија на лице место каде со пушка за успивање и соодветна анестезија ја успија мечката. Следуваше прва помош со третирање на раните, антибиотска терапија, чип-таг, по што беше успешно разбудена и ослободена во природа.

Како се одвиваше целата ситуација и хуманиот третман врз неа погледнете на следното видео:

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни