Македонија

Арсовска: Рекет број 1 пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски – „Ќе дојдеме до Девојачки мост“, дофрли Славески

Арсовска: Рекет број 1 пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски – „Ќе дојдеме до Девојачки мост“, дофрли Славески

Попладнево продолжи седницата на Советот на Град Скопје каде се расправа за изгорениот мост „Брегалница“, но дебатата не беше поштедена за дневно-политички поенти. Градоначалничката Данела Арсовска репицираше на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска која рече дека ниту тие како советничка група ниту граѓаните до денеска не добиле никаква информација во врска со изгорениот мост.

„Рекет број 1 пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски. Точка“, рече градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Арсовска најверојатно не следи тенис, па Славевски веднаш ја корегираше.

„Има двајца во моментов. Новак Ѓоковиќ е на трето место на АТП листата“, дофрли Славевски.

„Зборам за нашиве простори тука, најсакам рекет е Новак Ѓоковиќ, но за жал тој е само на второ место. После Христијан Мицкоски. Мицковизмот си заминува во историјата, госпоѓо, Марија. Некавалификувајте знаат граѓаните знаат која е најкримналната структура, најктриминалната партија во државата. И тие што не знаеле дознале“, реплицираше Арсовска.

„Ако продолжиме вака ќе дојдеме до девојачки мост“, дофрли претседателот на Совет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни