Македонија

Топло, но чадор носете во ташна – попладне овие делови од Македонија ќе ги зафати невреме!

Топло, но чадор носете во ташна – попладне овие делови од Македонија ќе ги зафати невреме!

Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне особено во западниот и северниот дел ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Денес и утре во попладневните часови особено во западниот и крајниот источен дел ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер и појава на град. Во среда условите за пороен дожд со грмежи краткотрајно ќе се намалат, а поинтензивни процеси повторно се очекуваат од четврток и кон деновите од викендот.

Денес од пладневните часови особено во западниот и северозападниот дел ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со поинтензивен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни