Живот

Денес го славиме Светиот апостол Карп

Денес го славиме Светиот апостол Карп

Еден од седумдесетте. Следбеник и придружник на светиот Апостол Павле, од кого беше поставен за епископ на Верија Тракиска. Го проповедаше Евангелието и на Крит, каде што го прими во својот дом свети Дионисиј Ареопагит.

За него свети Дионисиј сведочи дека бил човек украсен со чист ум, кротост и незлобливост и дека во видение му се јавил Самиот Господ Исус Христос со Своите Ангели и никогаш не ја почнувал Светата Литургија ако немал претходно небесно видение.

Заради името Христово претрпе многу напасти. Најпосле, пострада од неверните Евреи коишто го убија, па се пресели со душата во Царството Божјо за вечно да се насладува гледајќи Го Господа во слава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни