Македонија

Лани во Македонија имало најмал број самоубиства и убиства во последните 29 години

Лани во Македонија имало најмал број самоубиства и убиства во последните 29 години
FR6X3P republic of Macedonia, Skopje, Walls of the City Fort Trvdina Kale

Бројот на умрените лица од насилна смрт во Македонија во 2022 година се намалил за 28,2% во однос на претходната година и изнесува 486 умрени лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Умрените од насилна смрт учествуваат во вкупниот морталитет со 2,2%, пишува Факултети.

Податоците на ДЗС покажуваат дека во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 78,6%, самоубиствата со 20,2% и убиствата со 1,2%. Имено, од тие 486 лица кои минатата година починале од насилна смрт, 382 го загубиле животот во несреќни случаи, 98 извршиле самоубиство, а 6 лица биле убиени. Тоа е најнизок број на самоубиства и убиства од 1994 година.

Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 55,1% во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни