Свет

Пронајдени остатоци од подморница во областа Титаник

Пронајдени остатоци од подморница во областа Титаник

Остатоци од подморница се пронајдени во областа Титаник. Ова го соопшти американската крајбрежна стража.

Далечинското управувано возило на Хоризонт Арктик (ROV) откри поле со отпад на дното на океанот во областа за пребарување во близина на потонатиот брод Титаник.

Експерти од Здружената команда ја оценуваат информацијата.

На 19 јуни, подморница со петчлен екипаж исчезна на пат кон потонатиот брод Титаник.

Потопниот брод  Титан е во сопственост на OceanGate Expeditions, која нуди обиколки на длабочините на познатиот брод.

На бродот се Стоктон Раш, основач на компанијата, британскиот бизнисмен Хамиш Хардинг, пакистанските милијардери Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, како и францускиот нуркач Пол-Анри Наргеолет.

Во 13 часот и 18 минути по македонско време, залихите на кислород на подморницата снемаа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни