Минирањето и другите форми на милитаризација на АЕЦ Запорижја од страна на русија претставуваат непосредна закана од нуклеарен инцидент во најголемата нуклеарна централа во Европа.
Според информациите на украинските разузнавачки агенции, русија разгледува сценарио за извршување на терористички акт на привремено окупираната АЕЦ Запорижја. Ваквиот терористички напад ќе има глобални последици.
Со окупирањето на АЕЦ Запорижја, русија грубо го крши меѓународното право и нормите и стандардите за нуклеарна безбедност, вклучително и седумте основни принципи на МААЕ во однос на нуклеарната безбедност и заштитеност.
Очекуваме јасна оценка од Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси во врска со злосторните дејствија на русија.
Нивото на предизвици и закани со кои се соочува глобалниот режим на нуклеарна безбедност денес како резултат на војната на рф против Украина е исклучително високо и бара консолидација и зајакнување на меѓународните напори за спречување на нуклеарна катастрофа.
Како држава-терорист, русија ги прекрши сите клучни принципи на меѓународното право за нуклеарна безбедност и огромното мнозинство од сопствените обврски од договорот, но сè уште не се соочила со праведни последици за своите злосторства.
Ја повикуваме меѓународната заедница, вклучително Групата седум и ЕУ, да преземат итни мерки за да се спречи нуклеарна катастрофа на АЕЦ Запорижја, особено да се воведат зајакнати рестриктивни мерки против руската нуклеарна индустрија и воено-индустрискиот комплекс на рф.
Инсистираме на потребата да се признае русија како држава-терорист и да се обезбеди неизбежност од политички, економски и правни последици за сите злосторства и незаконски дејствија извршени од неа.
Изјава на МНР на Украина во врска со загрозувачката ситуација во АЕЦ Запорижја