Македонија

Тешка сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, пет лица итно одведени во болница!

Тешка сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, пет лица итно одведени во болница!

Во сообраќајна несреќа меѓу три патнички возила денеска на автопатот Тетово – Гостивар, повредени се пет лица.

Во несреќата учествувале сеат леон со гостиватски регистарски таблички, и фолскфаген голф и фиат со тетовски регистарски таблички. Едното возило од ударот се превртело на кров.

Како што информираа од МВР, пет лица се повредени и се пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата излегла екипа од СВРТ Тетово и извршила увид.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни