Македонија

Двајца македонски спортисти денеска на Европските игри

Двајца македонски спортисти денеска на Европските игри

Двајца македонски спортисти ќе настапат на денешната програма на Европските игри кои од 22 јуни до 2 јули се одржуваат во Полска.

Според програмата, Димитар Пејчиновски претпладнево го очекува премиерниот настап во текбол, а противник ќе му биде Кестутис Балчиунас од Литванија, по што следува дуелот со Адриан Душчак од Полска.

На патеката во Колна ќе се појави и Ангел Петрушев во дисциплината кајак слалом.

На Европските игри кои се одржуваат Краков и уште 12 полски градови настапуваат 17 македонски спортисти, а првиот кој се закити со медал е таеквондистот Дејан Георгиевски, кој во понеделникот освои сребро во категоријата над 87 килограми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни