Македонија

ХАОС ВО СОБРАНИЕ: Мисовски им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека се брука невидена – Стојановска викаше: Дезертери!

ХАОС ВО СОБРАНИЕ: Мисовски им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека се брука невидена – Стојановска викаше: Дезертери!

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески преку собраниска говорница побара 27 минути пауза, а ситуацијата во Собранието се вжешти.

Имено, на ова реагираше пратеничката Дафина Стојановска која побара процедурално, додека пак потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и порача да си седне на место.

По ова следуваа расправии меѓу пратениците и потпретседателот, по што беше прекината седницата за пратенички прашања.

„Видете Дафина, јас оваа слика сум ја видел и на 27 април. Мене апсолутно не можеш да ме извадиш од колосек, ниту пак мене може некој да ме заплаши…“, рече Мисовски и додаде дека ги издржал на 27 април, ќе ги издржи и денес!

На ова Стојановска викаше: Дезертери!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни