Македонија

Притвор од 30 дена за двајца осомничени во „Феникс“, уште едно лице оди во куќен притвор

Притвор од 30 дена за двајца осомничени во „Феникс“, уште едно лице оди во куќен притвор

Судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на две лица за случајот „Феникс“ осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Од Кривичниот суд Скопје информираа дека притвор од 30 дена им е определен на З.В. и на Љ.Б, додека мерка куќен привор му е одредена на Т.Д.

Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни