Македонија

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, за влез се чека околу 30 минути

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, за влез се чека околу 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за влез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од вчера до 22.07.2023 година во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни