Преку опширен текст пропратен со фотографија, членовите на „Рубикон“ детално ги објаснуваат причините за нападот.
– Наспроти Куфодинас и битката што ја води, се обединија сите црнила на моќта – длабоко десничарската држава, СИРИЗА, аристократските семејства на демократијата, фашистите, големи бизнисмени и папагалите од медиумите. Но, не само локалните црнила. САД преку Амбасадата постојано притискаат и во позадина и во првите редови, пишува во соопштението на „Рубикон“ и се додаваат дека „победата на штрајкувачот со глад Куфодинас, ќе биде победа на големото општествено мнозинство“.
Групата најави и дека дополнително ќе објави видео од нападот.
Како што претходно објави МИА, 15-тина минути по 14 часот по локално време, група членови на „Рубикон“ преку скалите над споменикот на Незнајниот јунак успеаја да стигнат до дворот на Парламентот и да фрлат бои и пиротехнички материјали врз објектот.
Грчкиот Парламент се наоѓа на плоштадот Синтагма во строгиот центар на Атина и важи за еден од најдобро обезбедуваните објекти.
The post „Рубикон“ презеде одговорност за нападот со бои врз грчкиот Парламент appeared first on ТВ21.