Првиот вицепремиер се огласни, но не потврди дека возилото е во негова сопственост, ниту пак дека го користел. Според соопштението од МВР пак, возилото е регистрирано на друго лице, а не на Артан Груби, но како што објавија албанските медиуми, возилото го користел Артан Груби и било паркирано токму пред неговата зграда.
Според проверките на 4NEWS.mk, за имотот кој го поседува Артан Груби, можевме да забележиме дека луксузно возило марка „Ауди“ нема во анкетниот лист на првиот вицепремиер, туку има само едно старо возило.
Циторен Ксара 2001/2006 пишува во анкетниот лист на Артан Груби објавен од страна на Државната комисија за спречување на корупција.