Балкан

Во Грција и денеска беснеат пожари, започната е евакуација и од Крф

Во Грција и денеска беснеат пожари, започната е евакуација и од Крф

Родос и Крф се меѓу најпопуларните дестинации во Грција за туристите, главно од Британија и Германија.

Шумските пожари и денеска продолжуваат да горат низ Грција, поради што луѓето треба да бидат евакуирани од плажата на островот Крф.

Како што јави агенцијата Ројтерс, повеќе од шестотини луѓе се евакуирани на Крф. Сликите од островот го покажуваат хоризонтот како гори од пожарот во планинскиот регион.

Претходно, илјадници туристи се собраа на аеродромот на Родос откако избегаа од хотели и одморалишта во текот на викендот.

Пожарите што горат во Родос од средата принудија евакуација на 19.000 луѓе во текот на викендот, откако пожарот стигна до крајбрежните одморалишта на југоисточниот брег на островот.

Родос и Крф се меѓу најпопуларните дестинации во Грција за туристите, главно од Британија и Германија.

„Се наоѓаме во седмиот ден од пожарот и тој не е под контрола“, изјави заменик-градоначалникот на Родос Константинос Тараслијас за државната телевизија ЕРТ.

Туроператорите Jet2, TUI и Corendon ги откажаа летовите за Родос. Британскиот EasyJet во неделата објави дека денеска ќе реализира два лета од Родос до лондонскиот аеродром Гетвик, покрај деветте летови кои веќе постојат меѓу островот и Гетвик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни