Екипата на телевизија Телма денеска при известување од Судскиот совет беше попречена во својата работа.
Имено, при вклучување во вестите, новинарот е спречен од страна на лица од обезбедувањето.
На катот каде што се просториите на Судски совет, оддалачен од салата на Судски совет, и пред затворената врата, каде што беше поставен линкот, лица од обезбедувањето се обидоа да го прекинат линковското вклучување и да го спречат јавувањето во живо со порака дека тука не смее да се снима.
Откако линкот беше прекинат од вработените на Телма, новинар и снимател, кои ја следеа седницата, било побарано да се легитимираат, иако при влез во објектот уредно се легитимира секој кој ќе влезе со приложување личен документ.