Од Скопје до Приштина за 45 минути. Со пуштање во употреба на автопатот Приштина – Хан Елез се намалува времето на патување од едната до другата метропола. Делницата „Арбр Џафери“ кој е долга 65.5 км. Овој автопат го има најдолгиот мост во регионот со должина од 5,7 км без прекини, а максималната висина изнесува 83 метри. Вкупно има 13 мостови. Градежните работи почнаа пред 5 години, а беа ангажирани 900 домашни компании со вкупно 9500 работници. Изградбата на овој проект ги чинеше властите на Косово околу 700 милиони евра. Државниот врв на двете земји го оценија како мост на соработка меѓу соседните држави од што ќе придобие целиот Балкан. Претседателот на Косово, Хашим Тачи рече дека ова е моќна инвестиција.
-Најдолгиот мост во нашиот регион. Ова е моќна инвестиција но вредеше. Бидејќи слободно и независно Косово уште треба да се развива и затоа ако вчера сонувавме да имаме едно такво Косово, денеска тоа е реалност. Ако вчера се чинеше невозможно да се прават такви проекти, денеска тоа е реалност.-рече Тачи.
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај рече дека автопатот ги доближува соседните држави и му дава нов лик на целиот регион.
-Пред 20 години овој пат значеше напуштање на татковината за да се бара спас. Ние денес дишеме слободно и гледаме кон евроинтегрирачката иднина, овој пат сите ќе го доживееме како пријателство. Се надевам дека со мојот колега Зоран Заев наскоро ќе присуствуваме на пуштањето во употреба и на останатиот дел до Скопје, на територија на РСМ.-изјави Харадинај.
Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, рече дека автопатот „Арбр Џафери“ претставува мотивација и Скопје да ја забрза постапката. Тој додаде дека многу брзо ќе се објави тендер за 14 км пат од Блаце до Скопје.
Пуштањето на автопатот Приштина – Скопје е со доцнење од 5 месеци, иако беше планирано да биде на 31 декември 2018. Автопатот го носи името на починатиот политичар Арбр Џафери кој беше претседател на ДПА.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ
The post Косово го пушти во употреба новиот автопат, за 12 километри Скопје – Блаце ќе чекаме уште неколку години appeared first on ТВ21.