Свет

Бројката на загинати на потонатиот брод во Будимпешта се искачи на седум, се трага по 21 лице

Во главниот град на Унгарија Будимпешта, ноќеска се судрија два брода пред зградата на Парламентот во реката Дунав, при што едниот брод потона. Иако првично бројката на загинати беше три лица, сега истата се искачи на седум, со можност да расте, со оглед дека и натаму се трага по повеќе од 20 лица.

Најмладиот патник бил шестгодишно дете, додека најстарото лице имало 71 година.

Унгарските медими јавуваат дека седуммина се пренесени во болница, и нивната состојба засега е стабилна.

На бродот биле 33 туристи од Јужна Кореја и двајца членови на екипажот.

Несреќата се случила кога се судриле два брода околу 10 часот синоќа. Според информациите, голем туристички брод удрил во помал по име „Мермаид“ кој потонал.

The post Бројката на загинати на потонатиот брод во Будимпешта се искачи на седум, се трага по 21 лице appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни