Свет

Сведоци од трагедијата во Будимпешта: Силната струја ги носеше жртвите, не стигнавме да им помогнеме

Во средата во вечерните часови во 21:05 часот, на реката Дунав во Будимпешта, се судрија два брода, недалеку од зградата на унгарскиот Парламент. Помалиот брод се преврте, и од него загинаа осум лица, а дваесетина се водат за изчезнати. Времето поминува, а не е пронајден ниту еден од исчезнатите.

Засега седум лица успеале да се спасат од бродот, а тие зборувале што се случувало во тие трагични мигови.

„Се бореа да останат на површина, викаа за помош, но не можев ништо да направам. Струјата ги носеше, и никој не стигна да помогне“, изјави 31-годишниот Чунг кој беше меѓу патниците на потонатиот брод.

„Видовме како бродот доаѓа кон нас, но не очекувавме да удри во нас“, изјави Чунг.

Уште една преживеана патничка 32-годишната Јон рекла дека се се случило многу брзо, и време за реакција воопшто и немало.

„Оние кои беа на палубата брзо паднаа во вода, а оние во кабината останаа заробени. Бродот потона веднаш, многу брзо.“, рече Јон.

The post Сведоци од трагедијата во Будимпешта: Силната струја ги носеше жртвите, не стигнавме да им помогнеме appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни