На социјалните мрежи е објавена фотографија од мало кученце кое чека пред болницата во Прилеп.
Имено, истото го чека својот сопственик кој доживеал мозочен удар и се наоѓа токму во болницата.
Според објавата може да се заклучи дека меѓу кучето и сопственикот имало голема љубов.
„Кучево е пред болница во Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар. Два дена го чека пред болница сопственикот и не јаде. Која е оваа љубов луѓе?“, пишува Славко Дамјановски на Фејсбук.