Оштетени се неколку куќи по серијата на земјотреси кои се случија на југоистокот на Албанија. Земјотресите биле почувствувани и на територијата на југозападна Македонија, во околината на Охрид, Струга и Ресен.
Засега нема информации за евентуални жртви. Тлото почна да се тресе утринава околу 5 часот. Регистрирани се неколку поголеми, и повеќе помали потреси.
Нема информации за оштетувања од македонска страна.

The post Оштетени неколку куќи по серијата на земјотреси во Албанија appeared first on ТВ21.