Балкан

Пет лица повредени во серијата на земјотреси во Албанија

Серијата на земјотреси кои го погодија јужниот дел на Албанија, придонесоа пет лица да завршат со повреди, откако се сруши една куќа, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Едниот бил со јачина од 5,3 степени, а за два часа се регистрирани шест потреси.

Епицентарот на првиот земјотрес бил 15 километри југоисточно од градот Корча на длабочина од 14 километри. Потоа серија на потреси биле регистрирани на границата меѓу Грција и Македонија, и на Албанија со Македонија.

The post Пет лица повредени во серијата на земјотреси во Албанија appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни