Стадионот „Ванда Метрополитано“ е подготвен, а тмосферата се загрева пред вечерашното англиско финале. Навивачите на двата тима се веќе во Мадрид. Неколку часа пред почетокот на мечот со песна им даваат поддршка на своите тимови.
Нова, поинаква битка на теренот за Тотенхем и Ливерпул. Многу меѓусебни натпревари имале во Премиер лигата, но вечерва се е поинаку, вечерва ќе се борат за најпрестижниот пехар.
Јурген, дали верувате во среќа, во судбина, дека еден тренер може да има среќна или несреќна кариера?
-Целата моја кариера, до сега, не беше несреќна. Од 2012 до 2017 година, секоја сезона играв финале, можеби некогаш тоа можеме да го наречеме среќа. Но, јас сум можеби светски рекордер во победи во полуфиналето. Доколку напишам книга за ова, веројатно никој нема да ја купи-изјави Клоп.
Можеби малку и изненадувачки, но сепак не е незаслужено што Тотенхем ќе игра финале, иако групната фаза од Лигата на шампионите ја започна многу тешко.
-Пред една година играа во финалето, што мислам дека целосна заслуга на Јурген Клоп – фантастичен менаџер, потоа тренерскиот персонал и играчите, неверојатни играчи. Ливерпул е одличен клуб со целата своја историја. Мислам дека за нас мечот е можност за уживање, но доколку сакаме да напишеме фудбалска историја, тогаш ќе мораме да победиме и многу добро знаеме што треба да направиме-вели Покетино.
Натпреварот се игра со почеток во 21:00 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Втора година по ред Ливерпул игра финале и го брка шестиот пехар, а повеќе од тоа имаат само Реал Мадрид 13 и Милан 7. За разлика од „црвените“ Тотенхем е за прв пат во финале во Лигата на шампионите и го игра најголемиот меч во клупската историја.
The post Англиско финале во Мадрид, Ливерпул и Тотенхем за историја во ЛШ appeared first on ТВ21.