Балкан

Вонредна состојба по поплавите во Кралево и Книч – водата влезе во куќите

Три лица се евакуирани во околината на Краљево, а две во местото Вича кај Чачак, прецизира Мариќ за Танјуг.

Тој истакна дека во текот на ноќта во централниот и западниот дел на Србија паднала голема количина дожд и оти на повеќе места во Србија тоа предизвикало проблеми.

Засега нема информации за повредени, ниту настрадани, а Секторот за вонредни ситуации ќе дежура во текот на целиот ден.

– И денеска се очекува големо количество врнежи, така што сите сили  ги упативме на терен, рече Мариќ и прецизира дека тоа се однесува на централниот и западниот дел на Србија.

Во меѓувреме, телевизијата Прва јави дека селото Вича, во општината Лучани, речиси целосно е под вода. Спасувачките екипи се на терен, но не е евакуирано целото население на селото.

The post Вонредна состојба по поплавите во Кралево и Книч – водата влезе во куќите appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни