Македонија

Скендер Реџепи Зејди: Нема теоретска можност да поминат уставните измени!

Скендер Реџепи Зејди: Нема теоретска можност да поминат уставните измени!

Независниот пратеник Скендер Реџепи Зејди денеска пред почетокот на седницата за уставни прашања во одговор за медиумите истакна дека нема теоретска можност уставните измени да поминат.

Тој го коментираше и барањето за бришење на „20%“ од Уставот, кои се однесуваат на албанскиот јазик, што според него не се прави ниту на улица, ниту на прес-конференции.

„Доколку има подготвеност кај пратениците Албанци, може да се постави и ова барање. Но, потребни се 30 пратеници, популистичка политика не треба да се прави на улица или со прес-конференции, туку мора да се потпише барање со 30 пратеници, имаме 30 пратеници Албанци. Дали ќе помине, сепак не, затоа што не поминуваат ниту други уставни амандмани“, рече Реџепи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни