Пратеникот Љупчо Пренџов на својот Фејсбук профил истакна дека Македонија нема потреба од промена на Уставот.
Според него, има потреба од промена на власта.
„Денес е денот кога ќе се слушне громогласното НЕ!
Ден кога залетаната власт ќе удри во ѕид!
Ден кога на површина ќе им испливаат сите лаги и манипулации!
Ден во кој ќе стане јасно дека македонската историја, култура, традиција и јазик не се и нема да бидат предмет на дискусија.
Македонија нема потреба од промена на Устав, има потреба од промена на власт!“, вели Пренџов.