Преку цело лето, поради летните одмори, но и доаѓањето на голем број граѓани од дијаспората, на граничните премини со Србија и Грција има постојано застој.
Преку Македонија до Грција патуваат и бројни српски граѓани, па токму од нив, видео направено на граничниот премин Табановце, стана хит на социјалните мрежи.
Додека чекаа да влезат во Србија свртија оро и како што може да се види добро се забавуваа.