МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
12 Берово, Лазарополе, 15 Маврови Анови, Попова Шапка, 16 Битола, Крива Паланка, Струмица, 17 Претор, 18 Тетово, 19 Скопје-Петровец, Прилеп, Крушево, 20 Демир Капија, Охрид, Кавадарци, 21 Скопје-Зајчев Рид, 22 Гевгелија, Виница, 23 Велес, 24 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
8 Велес.
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше прeтежно ведро со слаб до умерен северен ветер. Утрово е сончево и тивко.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. УВ=8
Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и со услови за краткотрајна нестабилност во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 37 степени.