30-годишен скопјанец бил лишен од слобода откако негова 40-годишна познаничка пријавила дека ја измамил за 1.558.300 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, двајцата претходно се договориле и подигнале станбен кредит од банка. По завршувањето на процедурата, мажот наводно ѝ ги зел парите, а потоа одбивал да се види со неа.
Случајот бил пријавен во полиција, по што на 26 октомври 2026 година, во 18:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.К. (30).
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.