Македонија

На Онкологија во Скопје: Доктори и сестри крадат лекови за болни од рак, па ги препродаваат на црниот пазар

На Онкологија во Скопје: Доктори и сестри крадат лекови за болни од рак, па ги препродаваат на црниот пазар

Во најновиот број на неделникот Фокус драматична сторија за македонската здравство, за кое не треба да сте експерт за да сфатите дека ќе ви треба мито или бонбоњера за да отидете на преглед или операција.

„Фокус“ открива разработена криминална бизнис шема на скопската Клиника за онкологија со препродавање лекови, во која се вклучени повеќе лекари и медицински персонал на клиниката. Во системот се внесувале фиктивни пациенти, а на дел од пациентите им се дава половична терапија. Така, скапата биолошка терапија завршува на црниот пазар.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во дебатниот магазин „SummerClick“ на ТВ21 посочи дека за основна работа не може да се заврши работа доколку се нема пријатели или не се даде мито.

„Човек не може основна работа да заврши доколку опција а – нема пријател таму или опција б – не даде мито“, вели Николоски.

Според него, тоа е така затоа што тие што се во најниските ешалони гледаат дека нагоре има корупција и си викаат „ако тие можат милиони, можеме и ние нешто“.

„Широк слој на општеството е корумпиран“, додаде Николоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни