Свет

Збогум за Тото Кутињо (1943-2023)

Збогум за Тото Кутињо (1943-2023)

Италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутуно почина на осумдесет годишна возраст, јавуваат италијанските медиуми. Починал во болницата во Милано каде бил хоспитализиран.

Веста за италијанската агенција Ansa ја потврдил неговиот менаџер Данило Манкузо, кој објаснил дека „по долго боледување, состојбата на пејачот се влошила во последните месеци“.

Кутињо победи на бројни натпревари и фестивали низ Италија, а победи и на Евровизија во 1990 година во Загреб со песната Insieme.

На познатиот фестивал во Санремо учествувал 13 пати, првпат во 1976 година, со бендот „Албатрос“, кога го освоил третото место.

Независната кариера ја започна во 1978 година.

Тој го освои Санремо во 1980 година со песната Соло нои, а шест пати го зазема второто место.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни