Македонија

Со загаден воздух се бориме и во лето! Тетово дише на шкрги на плус 40 степени

Со загаден воздух се бориме и во лето! Тетово дише на шкрги на плус 40 степени

Веќе загадениот воздух не е топ тема само во зима. Денеска Тетово и Полог на плус 40 степени се гушат во воздух кој е загаден со неподнослива мирисба. Прозорците мора да се затворени, бидејќи не може да се седи надвор, коментираат жителите од овој дел на Македонија. Високото загадеување го регистрирала и мерната станица од Министерството за животна средина.

пштината ги повика граѓаните да избегнуваат излегување надвор. „Поради загадувањето, избегнувајте излегување на јавни места и останете во затворени простории. Ја повикуваме јавноста да биде одговорна и претпазлива. Да не се фрла ѓубре на несоодветни места и да не се пали“, информираа од општината.

– Ужас! Цел Полог е во чад, горат дивите депонии кај село Неготино. Ниту  една институција не реагира, населението се труе од канцероген чад! Полицијата, општината, Министерството за животна средина…ги нема – реагираат од невладината организација „Екогерила“.

Слична беше состојбата и во Гостивар кој е оддалечен на само неколку километри. Од избивањето на пожарот и во текот на денешниот ден интервенираше противпожарната единица од Тетово. Пожарот е локализиран, нема опасност од негово ширење, но од депонијата сè уште излегува густ чад.

„Пожарот не може да се прошири на друго место зошто е локализиран од наша страна. Пожарот на депонијата го гаснеме од 1 часот наутро па до сега. Пожарникарите се трудат да ја изгасат оваа огромна депонија. Ние се трудиме да го имаме под контрола тој пожар, но чадот се проширил низ Полошкиот регион и создава многу проблеми и за нас пожарникарите што сме близу стоиме до пожарот. Се трудиме со нашите сили да изгаснеме пожарот и по се изгледа дека состојбата нема да излезе од контрола. Моментно пожарот се гасне со две екипи од противпожарната единица Тетово. Освен овој пожар интервенираме и на пожар во село Челопек но тој е од помал обем“, изјави Авни Амети, командир на ППЕ од Тетово.

Тетовскиот портал „Тетово инфо“ објави видео снимено на тетовското Кале од каде што се гледа дека во смог е обвиен голем дел од Полошката Котлина. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека почувствувале главоболка, нагон за повраќање и вртоглавици. Некои велат дека секое утро смрди на запален отпад.

– На Тетово не му требаат знамиња, туку воздух – се жалат жителите и бараат одговорност од општинските власти.

– Локалните власти мора да преземат нешто, ќе поцркаме – велат тие.

Од Општина Тетово велат дека проблемот потекнува од запалена депонија во Општина Брвеница, кај селото Волковија.

– Поради загадувањето, избегнувајте излегување на јавни места и останете во затворени простории – порачуваат од локалната самоуправа и апелираат до граѓаните да бидат одговорни и внимателни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни