Свет

Русите ги нападнаа магацините за жито во Одеса и пристаништата

Русите ги нападнаа магацините за жито во Одеса и пристаништата

Во текот на ноќта руски беспилотни летала ги нападнаа јужните делови на украинската област Одеса и областите во близина на Дунав, предизвикувајќи пожари во складишта за жито, соопшти денеска украинската армија.

„Непријателот погоди складишта за жито и производствено-претоварен комплекс во реонот на Дунав. Пожарот избувнал во магацините и брзо бил локализиран. Пожарникарите продолжуваат да работат“, соопшти армијата, а пренесе Ројтерс.

Војската објави фотографии – кои сè уште не се независно потврдени – на кои се гледаат купишта жито под изгорените остатоци од магацинот, пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Одеса, Олех Кипер изјави дека нападот врз регионот траел три часа и дека украинските воздухопловни сили уништиле девет руски беспилотни летала.

„За жал, имаше удар во производствените и претоварните комплекси каде што избувна пожарот… Штетата вклучува и магацини за жито“, рече Кипер на Телеграм.

Украинските пристаништа на Дунав сочинуваа околу една четвртина од извозот на жито пред Русија да се повлече во јули од договорот поддржан од ОН за обезбедување безбеден премин за украинскиот извоз на жито преку Црното Море.

Оттогаш, пристаништата станаа главен излез, а житото, исто така, се испраќа на бродови до романското црноморско пристаниште Констанца за понатамошна испорака.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни