Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вели дека официјално не разговарале со поранешните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, но дека контактираат со членови на партијата и дека членови и функционери ги поддржуваат уставните измени.
– Официјално не сме разговарале, но не можам да кријам дека имаме канали на комуникација и со нив, луѓе коишто се членови на ВМРО ДПМНЕ. Знам за неколкумина таму коишто мислат поинаку отколку актуелното раководство, меѓутоа повторно би кажал дека тоа е одлука на партијата, дали некои пратеници би гласале поинаку тоа не и сакал да влегувам во такви шпекулации. Но дека има мислење спротивно од тоа што го кажуваат на прес конференции и јавно, постои дефинитивно во ВМРО ДПМНЕ, меѓутоа, јас мислам дека постојат шанси и целата партија некако, со нови услови, да одлучат поинаку во претстојниот период, се надевам дека ВМРО ДПМНЕ ќе собере сили за да поминат уставните промени, подвлече Таравари.