Свет

Албанец уапсен во Колумбија и баран од 180 земји

Албанец уапсен во Колумбија и баран од 180 земји

Албански државјанин, инаку познат како „Нико“ или „Ел Гордо“ е уапсен во Санта Марта, Колумбија, откако наводно соработувал со колумбиски шверцери на дрога, пренесува КоСсев.

„Нико“ се бараше во повеќе од 180 земји, а го сметаат за мета од големо значење од француските власти, ЕВРОПОЛ, ИНТЕРПОЛ, пишува хедтопикс, пренесува Klankosova.tv, вели KoSSev.

Уапсеното лице било вклучено и во кривични дела за перење пари и се барало во повеќе од 180 земји.

Според информациите со кои располага истражниот орган, констатирано е дека „Нико“ бил во служба на структури за шверц на дрога кои вршат криминални дејствија во Франција, Албанија, Холандија и Германија.

Неговото присуство во Колумбија најверојатно имало за цел воспоставување контакти со мрежи за шверц на дрога.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни