Македонија

Прилепчанец рекордер: Возел со 5.01 промили алкохол во крвта низ Битола, полицијата го „почести“ со казна!

Прилепчанец рекордер: Возел со 5.01 промили алкохол во крвта низ Битола, полицијата го „почести“ со казна!

Во текот на изминатата вечер (27.08.2023) во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 18 возачи .Во Битола е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5.01 промили алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни