Во живо Вонредна прес конференција Зборува губернерот Трајко Славески Гледај
Македонија

МВР со детали за несреќата кај депонијата во Орланци!

МВР со детали за несреќата кај депонијата во Орланци!

На 26.08.2023 околу 14.00 часот пријавено е дека на регионален пат Куманово-Арачиново во атар на с.Орланци, во близина на депонија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(27) од с.Никуштак, општина Липково, и патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Џ.(63) од Куманово.

По несреќата сопатничката во возилото „шкода“ Н.Е.(65) од Арачиново била пренесена во Општа болница Куманово каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, додека двајцата возачи и сопатничките во возилото „опел“  Н.Ш.(69) од Р.Србија и Х.Ш.(37) од Р.Косово биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Куманово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни