Возило на Брза помош се запали во Куманово, пишуваат медиумите на албански јазик.
Според првичните информации нема повредени ниту жртви, а пожарот избувнал најверојатно од кај моторот, велат локалните жители.
Веднаш на лице место пристигнала пожарна која успеала да го изгасне пожарот.
Од болницата во Куманово до моментов нема никаква информација.