Балкан

Никола Груевски ги скара власта и опозицијата во унгарскиот парламент

Опозициската пратеничка Агнес Вадаи постави прашање за целта на тајните средби со Груевски, споменувајќи го состанокот со него на заменик државниот секретар во унгарското МНР во еден стан во Будимпешта.

На ова, министерот за надворешни Сијарто реплицираше дека со Груевски комуницираат за да добијат, како што вели, најавтентични информации за тоа што се случува на Западен Балкан, со оглед на неговото 10 годишно искуство како прмеиер.

Ние регуларно разговараме со него, рече Сијарто и додаде дека не е важно каде се одржуваат средбите.

На забелешките на опозицијата дека Груевски е осуден за корупција, Сијарто реплицираше дека станува збор за двојни стандарди бидејќи и актуелниот премиер Зоран Заев бил обвинет за корупција, но добил помилување од претседателот на државата.

The post Никола Груевски ги скара власта и опозицијата во унгарскиот парламент appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни