Австрија и Словенија изразија поддршка за продолжување на процесот за проширување на ЕУ, и отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Ова го соопштија претседателите на двете земји, Александар ван дер Белен и Борут Пахор.
„За кредибилитетот на ЕУ би било добро ако во овој случај преземеме чекори и не ги разочараме луѓето во тие земји“, посочи на заедничката прес-конференција во Виена, Ван дер Белен.
И претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка, во разговорот со Пахор истакнал дека Австрија ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
The post Австрија и Словенија со ист став: Нека продолжи процесот на проширување на ЕУ appeared first on ТВ21.