Балкан

КФОР: Подготвени сме да одговориме доколку е потребно

КФОР: Подготвени сме да одговориме доколку е потребно

Мисијата на КФОР соопшти дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Бањска, на северот на Косово и дека нејзините војници се присутни во таа област и се подготвени да одговорат доколку е потребно.

Како што се наведува во соопштението на меѓународните сили доставено до медиумите, косовската полиција има примарна одговорност за управување со инцидентот на теренот.

„Командантот на КФОР е во близок и постојан контакт со сите меѓународни тела, вклучително и ЕУ, началникот на Генералштабот на српските вооружени сили и институциите во Приштина и интензивно работи на изнаоѓање решение“, соопштија меѓународните сили. во соопштение.

„Мисијата КФОР предводена од НАТО силно го осудува нападот врз косовската полиција и упатува најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на починатиот“, се вели во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни